Дориев повторно стрела, Согдиана испушти победа (ВИДЕО)

65

Македонскиот фудбалски репрезентативец Љупче Дориев повторно „стрела“ во шампионатот на Узбекистан. Денеска на натпревар од 5. коло во новата сезона во тамошното првенство, неговиот тим Согдиана одигра нерешено 2:2 против екипата на Коканд.

Дориев како стартер одигра одличен меч, а во 41. минута постигна убав гол за водство на својата екипа од 2:0. Сепак до крајот на мечот гостите успеаја да се спасат од пораз.

За Дориев ова беше втор погодок од почетокот на сезоната.

ПретходноЗарем е можно: ФИФА сериозно размислува на СП 2030 да учествуваат 64 репрезентации!
СледноФинални подготовки за „Таранто 2026“: Делегација на МОК се запозна со сите детали за Медитеранските игри 2026