Партизан ја совлада Ц. Звезда и ја продолжи одличната серија во Евролигата

87

Кошаркарите на Партизан одиграа одличен натпревар и ја совладаа екипата на Црвена Звезда во рамките на Евролигата со 82:89. Ова е шеста победа во низа за „црно-белите“ кои влегоа во фантастичен ритам пред крајот на сезоната.

Првата четвртина беше изедначена и гостинскиот тим ја доби со еден поен разлика. Во втората четвртина Звезда беше подобар ривал и на полувреме двете екипи заминаа со изедначен резултат. Во вториот дел кошаркарите на Партизан одиграа многу подобро од лутиот ривал и имаа позитивен резултат во текот на двете последни четвртини, кој резултираше со многу важен триумф.

Кај Партизан најефикасен беше резервистот Карлик Џонс со 26 поени, а кај Звезда најдобар беше Коди Милер Мекинтаер кој забележа 24 поени. Во моментов Црвена Звезда се наоѓа на 10-тото место на табелата, а Партизан е 5 места подолу.

ПретходноБергоми дециден: Бастони најдобро да си оди од Италија
СледноАргентина се враќа со Формула 1 трка веќе следната година?