Шпанската фудбалска репрезентација одигра два натпревари во мартовскиот прозорец. Прво против Србија (3:0), потоа против Египет (0:0). Вториот натпревар – одигран на стадионот Еспањол во Барселона – привлече многу поголемо внимание од локалната јавност.
Причината? Шпанските навивачи ја исвиркаа египетската национална химна, а подоцна во текот на натпреварот скандираа слоган за кој сигурно ќе се соочат со сериозна казна: „Кој не скока е муслиман“.
Ова предизвика сериозен хаос во локалната јавност, толку многу што дури и најдобриот шпански фудбалер, тинејџерот Ламине Џамал, кој беше тешко повреден од овие зборови, мораше да проговори:
„Јас сум муслиман, фала му на Бога. Вчера на стадионот се слушаше скандирање: „Кој не скока е муслиман“. Знам дека тоа беше насочено кон противничкиот тим и дека не беше насочено кон мене – но како муслиман, тоа сепак претставува непочитување и нешто што е неприфатливо“.










