13 години по несреќата: Ќерката на Шумахер проговори за најтешките моменти

88

Поминаа 13 години откако легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, доживеа сериозна несреќа на скијање. Во нов документарец, продуциран од германската телевизиска станица ZDF, неговата 29-годишна ќерка, Џина, зборува за тешкиот период по несреќата.

„По несреќата на татко ми, навистина се впуштив во тоа затоа што морав да направам нешто. Коњите отсекогаш биле важни. Но, оттогаш, тие навистина се… Мислам, не можев да живеам без коњи. Тие ме направија да издржам сè“, вели таа.

Михаел Шумахер доживеа сериозна несреќа на француските Алпи во 2013 година. Тој претрпе оштетување на мозокот и беше ставен во кома. Оттогаш, тој живее живот целосно повлечен од очите на јавноста. Неговата сопруга, Корина, исто така се појавува во документарецот. За јавањето на нејзината ќерка, таа вели:

„Михаел кога Џина имаше 10 години ми рече: „Џина ќе биде многу подобра од тебе. Затоа што е посебична. Ако си спортист, мора да бидеш себичен на одреден начин. И тоа е добро. Инаку, нема да бидеш ништо. Денес мислам дека беше апсолутно во право“, изјавила сопругата на Шумахер.

Михаел Шумахер може да седи во инвалидска количка и да биде туркан низ својот дом во Швајцарија. За него се грижат неговата сопруга со која е во брак 30 години и тим од медицински сестри и терапевти кои го следат 24 часа на ден. Обидите на некои поранешни вработени да продадат фотографии од Шумахер резултираа со пресуди минатата година.

ПретходноПоранешниот голман на Ливерпул најави заминување во пензија