Наместо празник на ракометот, во СЦ „Јане Сандански“ беше мрак на ракометот. ГРК Охрид се одлучи на потег кој не наиде на разбирање од страна на ракометните фанови, наместо во Скопје да допатува со состав кој ќе биде соодветен за дуелот со Вардар, одлучи да не го испочитува овој момент.
Оправдувањето дека игра реванш четвртфинале во ЕХФ Европскиот Куп и не држи толку зошто веќе има пет гола позитива после првата средба против Олимпијакос, и како вистински професионален тим кој има големи амбиции требаше да повлече попаметен потег, ама пресметките на крајот остануваат на грбот на ГРК Охрид.
Вардар 1961 дојде до планирните бодови, славеше со 31-21 и повторно има шест бода во однос на актуелниот првак Пелистер. Митровиќ со шест гола го предводеше својот тим до новата победа.










