Зошто Новак навива за земјите од регионот: “Каков е тој проблем, па тие ни се соседи“!

293
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

И дефинитивно Србија не е нормална држава, барем оној дел кој сеуште ја поддржува актуелната власт. Откако најдобриот спортист на сите времиња во таа земја, па и на овие простори, Новак Ѓоковиќ, беше во Зеница и навиваше за БиХ, се појавија критики во неговата земја за тој негов потег. И тоа се знае од каде доаѓаа тие критики.

На ова свој коментар имаше таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ:

Тоа е домашно воспитување. Нема успешно општество без успешно семејство. Тие го уништија нашето семејство и затоа ни се случуваат многу лоши работи. Па што е проблемот што тој навива за земјите од регонот, па и за Хрватска? Па, тие се наши соседи. Тоа се негови пријатели“ истакна таткото на Новак во една прилика.

А еве што кажа самиот Новак во интервјуто кај Славен Билиќ,

Треба да си помагаме едни на други и да се обидуваме да живееме подобро. Хрватска е прв сосед на Србија, како што се Босна и Херцеговина и Македонија, не можеме да ги бираме нашите соседи. Токму затоа ми е жал што сме толку поделени и често работиме против себе“ – рече тој.

Овие зборови на таткото и синот Ѓоковиќ можат да ги сфатат и одобрат само нормални луѓе.

ПретходноЧеферин: Италија има лоши стадиони, можно е да не го организира ЕП 2032!
СледноФранцузите гневни на Мбапе за овој негов потег! (ВИДЕО)