Младост УГД направи брејк против освојувачот на Купот, фаворитите тргнаа победнички

56
фото: Gazeli Volley (FB)

Лидерот во домашниот одбојкарски шампионат во машка конкуренција, екипата на на Штип УГД победнички ја отвори полуфиналната серија во плеј-офот. Штипјани на домашен терен со 3:1 (22:25, 25:10, 25:14, 25:12) славеа во дуелот со Работнички.

Победнички тргнаа и финалистите во Купот на ОФМ оваа година, ГОК Борец, кои со идентичен резултат 3:1 (21:25, 25:16, 25:19, 25:20) славеа над се уште актуелниот шампион екипата на Струмица.

Интересно е што и на двата меча гостите тргнаа со предност од 1-0 во сетови, по што фаворитите со пресврт успеаја да запишат први победи. Реванш натпреварите од полуфиналето се предвидени за в сабота (4 април)

Во женскиот плеј-оф во четвртфиналето, лидерот Наковски волеј со убедливи 3:0 (25:14, 25:22, 25:14) го доби првиот првиот четвртфинален натпревар против градскиот ривал Струмица. Како и во претходните меѓусебни дуели Наковски покажа дека брзо се рехабилитираа откако останаа без куп-титулата и сега сигурно чекорат кон полуфиналето во плејофот. Одбојкарките на Младост УГД со 3:0 (25:19, 25:19, 25:15) го победија новиот освојувач на Купот на ОФМ, екипата на Вардар ЕМ. Со оваа победа штипскиот состав го направи првиот чекор кон полуфиналето, а местото во “четворката” може да го потврди веќе в сабота (4 април) за кога е предвиден реваншот во Штип.

ПретходноГРК Охрид го расипа дербито, Вардар 1961 дојде до посакуваните бодови (ФОТО)
СледноНовеска-Вељаноска го објави списокот за светското училишно првенство