После поразот од Данска (4-0), кој го згасна нашиот сон на Светско првенство, и ремито против Ирска (0-0) на социјалните мрежи се огласи првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Претседателот на нашата „куќа на фудбалот“ испрати силна порака до јавноста дека македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни.
Во продолжение ви ја пренесуваме во целост.










