Башкими – Тиквеш 2:2 во првиот меч од 25.коло во ПМФЛ, одигран денеска во необичен термин од 12.30 часот во Куманово. Стрелец на двата гола за домашните беше Аворнио, кој промаши и пенал. Тиквеш поведе со 0:1 со голот на Сила, а бодот го донесе Лавал во 90.минута. Со ова реми кавадарчани ја прекинаа победничката серија која траеше четири меча во низа.
Во првите 30 минути од средната буквално ништо не се случуваше на теренот, ниту една шанса на тешкиот терен на стадионот на Башкими. Очигледно е дека долго се „испитуваа силите“. Прв се закани Тикве преку Мартин Стојанов во 35.минута, потоа следуваше шансата на Рибеиро на спротивната страна. Во самиот финиш на првиот дел и двете екипи имаа свои шанси преку Гуел и Саити, но на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Второто полувреме започна со заканата на гостите преку Гуел, за да видиме и голови. Тиквеш поведе со 0:1 со голот на Сила откако претходно Мартин Стојанов ја погоди стативата со шут со глава во таа 54.минута. Само три минути подоцна пенал за Башкими. Камара играше со рака, а по реакцијата на ВАР судијата Грујоски ја гледаше снимката и покажа на белата точка. Сепак Аворнио го промаши целиот гол.
Но, Аворнио се “извади“ во 59.минута кога успеа да погоди за 1:1.
За разлика од првото полувреме, сега играчите се разлета по теренот. Тиквеш можеше повторно да поведе, но во 74.минута Тодоров место мрежата ја погоди пречката, а казната стигна една минута подоцна кога Алими беше инспираторот, Рибеиро асистентот а Аворнио стрелаше за водство на Башкими, за пресврт.
И тоа не беше се од овој меч. Во 90.минута Тиквеш израмни на 2:2 со голот на Лавал.
Па така по бод за двете екипи.















