Промоција: Стоилов е нов тренер на РК Бутел за новата сезона!

211

И официјално. Легендарниот ракометар на Вардар и некогашен репрезентативец, Стојанче Стоилов е нов тренер на РК Бутел за новата сезона.Раководството на член на ракометната Суперлига денеска го промовираше Стоилов како свој нов тренер од лето. Да потсетиме дека сегашниот стратег Горан Кузмановски по зваршување на актуелната сезона заминува на Кипар.No description available.

По завршување на богатата играчка кариера, во која освои се што можеше да се освои, беше и европски првак со Вардар,Стоилов беше и дел од стручниот штаб на РК Вардар. Сепак со доаѓањето на Иван Чупиќ, тој си замина.

Секако дека со Стоилов на клупата, РК Бутел покажува дека станува збор за сериозен клуб.

ПретходноФИФА повторно ја зголеми цената на билетите за СП – финалето стигна до 11.000 долари!
СледноКузманоски го објави списокот за Медитеранското првенство! (ФОТО)