Французите гневни на Мбапе за овој негов потег! (ВИДЕО)

144
ФОТО: Équipe de France de Football/fb

Јасно е дека Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, секако најдобар француски фудбалер во моментов, но реално тој го нема тој потребен респект во својата земја. А за тоа самиот си е виновен поради одредени потези со кои создава гнев во француската фудбалска јавност.

Последно што беше од него се случи на пријателската средба со Колумнија на мини – турнејата во САД.

Имено додека се подготвуваше да влезе на терен во второто полувреме, тој иако уште беше покрај аут – линијата, бараше од Рајан Черки да му се донесе капитенската лента.

Ова просто ја разгневи јавноста во Франција. Имено јасно е дека тој е капитен, дека капитенската лента ќе ја добие кога ќе влезе во игра а не да ја бара уште невлезен.

Ова досега никој досега го нема направено од познатите ѕвезди во светот на фудбалот.

Погледнете го шокантниот потег на Мбапе:

ПретходноЗошто Новак навива за земјите од регионот: “Каков е тој проблем, па тие ни се соседи“!
СледноНишто од супер-дерби: Охрид без тренерот и без пола тим на дуелот со Вардар (ФОТО)