Медиумите во Турција вечерва лиферуваат “бомба“. Фенербахче, кој долго време посакува шампионска титула, веќе почна да го планира својот состав за следната сезона. Врз основа на списокот што го обезбеди главниот тренер Доменико Тедеско, жолто-синиот тим ја идентификуваше својата нова цел. Турскиот гигант дефинитивно тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија, Леон Горецка, чиј договор со Баерн Минхен истекува на крајот од сезоната. Се пренесува дека Фенербахче ќе му даде огромна понуда на 31-годишниот германски играч од средниот ред, вклучувајќи бонус за потпис од 10 милиони евра. Оваа сезона, Леон Горецка одигра 37 официјални натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи 2 гола и 2 асистенции.
Инаку тој се поврзуваше со трансфер во клубови од Премиерлигата, ама оваа понуда на Фенер тешко дека се одбива.










