Првпат после 28 години: Ниту еден позитивен допинг тест на ЗОИ!

53
ФОТО:facebook.com/OlimpiadiMilanoCortina2026

Интересен и значаен податок. На Зимските олимписки игри во Милано и Кортина не е регистриран ниту еден случај на прекршување на антидопинг правилата, објави денес Би-Би-Си. За време на Игрите одржани во февруари, собрани се повеќе од 3.000 примероци од речиси 2.000 спортисти и не се пријавени никакви прекршувања на антидопинг правилата.
Ова се првите Зимски олимписки игри од Игрите во Јапонија во 1998 година, на кои немало позитивен тест за време на натпреварувањето.
Во годините по Олимписките игри во Лондон во 2021 година, одземени се 31 медал, а уште 46 се прераспределени поради позитивни допинг тестови.

Извештајот на Мекларен, нарачан од Светската антидопинг агенција (WADA), подоцна откри дека Русија водела државна програма за допинг од 2011 до 2015 година, период што ги опфаќа Олимписките игри во Лондон во 2012 година и Зимските олимписки игри во 2014 година.
Сепак, само затоа што немало позитивни тестови, не значи дека можеби нема да има во иднина. Како што пишува Би-Би-Си, примероците од спортистите се чуваат десет години за да се овозможи ново тестирање кога ќе се појават нови техники.
„Ова значи дека можеби е прерано да се отпишат овие Игри како „најчисти““, соопшти Би-Би-Си.

ПретходноБраво деца: Блескав настап на ФК Водно на “Овиедо Куп“ во Шпанија! (ВИДЕО)
СледноПријателска: Македонија со БиХ на 31 мај во Сараево?! (ФОТО)