Утре и задутре се играат последните три средби од 25.коло во ПМФЛ. Познати се и судиите за тие натпревари. Па така Игор Стојчевски ќе биде “главен“ на мечот меѓу Шкендија и Пелистер (сабота 13.30 ч), кој се игра под Шара. Него ќе му помагаат Мартин Петковски и Филип Ицковски, а во ВАР собата ќе бидат Влатко Илијоски и Борис Трајков.
Бењамин Ќерими ќе го суди мечот Вардар – Македонија ЃП (сабота 15:30 ч), а помошници ќе му бидат Гоце Петрески и Александар Ѓуркоски, додека во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири.
Влатко Илојоски е одреден за главен судија на мечот Струга ТЛ – Работнички (недела 15:30 ч), а негови помошници се Иле Мишески и Борис Трајков, додека во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Мартин Петковски.















