„Тресе ли тресе“: Роналдо со два гола вечерва стигна до бр.967 во кариерата!

89
ФОТО:.facebook.com/alnassrfc/

Се врати вечерва во тимот на Ал Наср по повредата, го одигра јубилејниот 100-ти натпревар за својот тим и постигна два гола, еден од пенал, против Ал Наџма за победа од 5:2. Со овие два гола сега има 97 за Ал Наср, ама што е поважно со овие два гола мега – ѕвездата на тимот од Саудиска Арабија дојде до 967 голови во кариерата. Значи му недостогаат уште само 33 за да дојде до фамозната “илјадарка“.

Роналдо беше стартер а во 83.минута беше повлечен од игра. Останатите три гола на тимот од Ријад беа дело на Мане два и Ал Хамдан.

Претходно„Бомба“ од Истанбул: Фенербахче тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен!
СледноБасконија го “тресна“ Реал, Олимпијакос едвај до победа со Асвел!