ФФМ порачува: Од ова растеме, веруваме…. (ВИДЕО)

108

Македонската фудбалска репрезентација финишираше еден цел циклус на мечеви во квалификациите, а воедно и баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.

„Рисовите“ не успеаа да ја минат последната станица, односно баражот против Данска, но реално и тоа секако е успех.

Македонија пред себе има цел еден нов циклус на мечеви во Лигата на Нациите во која за прв пат сме во шешир со далеку поквалитетни репрезентации и имаме многу мотиви да се покажеме таму.

Со новиот селектор Гоце Седлоски најпрво ќе одиграме пријателски мечеви во јуни, а дури наесен, во септември ќе го отвориме новиот циклус мечеви во Лигата на Нациите.

Фудбалската Федерација на Македонија со видео запис пополнет со мотиви од минатите мечеви против Данска и Ирска јасно става до знаење дека верува во оваа генерација, и дека допрва од неа се очекуваат големи нешта.

ПретходноДури и да испадне со Тотенхем, Де Зерби ќе остане менаџер на тимот
СледноПМФЛ полувреме: Силекс рутински води против „давеникот“, Арсими поведе, Брера израмни во Струмица