Челзи го суспендираше Енцо Фернандез поради изјавите во јавноста

134

Аргенцинецот во редовите на тимот на Челзи, Енцо Фернандез е суспендиран од клубот, затоа што во последно време даде изјави во јавноста околу неговата иднина во клубот. Од таботот на „сините“ очигледно сметаат дека тоа не е во согласност со правилата на однесување па едноставно го суспендираше играчот на два меча.
Фернандез ќе го нема на дуелите од ФА купот против Порт Вејл, како и дербито од Премиер лигата против Манчестер Сити.

Фернандез јавно на неколку пати изјави дека не е сигурен во останувањето во Челзи, особено по испаѓањето од Лигата на Шампионите.

„Не знам. Во моментов сум фокусиран на тоа што се случува тука, потоа доаѓа Светското првенство и ќе видиме“ – изјави Фернандез за ЕСПН Аргентина.

Менаџерот на Челзи, Лиам Росини, ја потврди санкцијата и го објасни образложението на клубот. Менаџерот беше категоричен дека правилата важат за сите.

„Разговарав со Енцо пред еден час. Како фудбалски клуб донесовме одлука. Тој нема да биде достапен за утрешниот натпревар, ниту за натпреварот против Манчестер Сити“ – рече менаџерот.

 

 

ПретходноКатерина Николоска дел од два важни светски турнири
СледноРојевиќ: Потребна е полна сала, затоа што не играме само за Охрид, туку и за Македонија