Потврдено: На 29 мај со БиХ во Сараево, на 1 јуни со Турција во Истанбул!

320
ФОТО:facebook.com/ffm.mk

Сега веќе е потврдено дека нашата најдобра фудбалска репрезентација предводена од селекторот Гоце Седлоски на 29 мај и 1 јуни ќе одигра две пријателски среби против селекции кои ќе бидат учесници на претстојниот Мундијал.

Имено договорени „тестовите“ со БиХ и со Турција. Прво играме на 29 мај во Сараево на “Кошево“ против селекцијата предводена од Сергеј Барбарез. Потоа за три дена нашата репрезенација се сели во Истанбул каде на стадионот на Галатасарај се среќаваме со селекцијата на Турција предводена од селекторот Винченцо Монтела.

Секако дека овие две гостувања, протв силни селекции и учесници на претстојното СП, и тоа како добро ќе му дојдат на селекторот Гоце Седлоски да ја провери формата на своите избраници исто така да им даде шанса на некои нови имиња.

ПретходноДебаклот во Зеница ќе ја чини Италија најмалку 100 милиони евра!
Следно„Бомба“ од Истанбул: Фенербахче тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен!