Случајот Каваj Ленард – истрагата сè уште е во тек

56
Фото: ЛА Клиперс/Твитер

Истрагата за наводното заобиколување на „селари кеп“ од страна на Лос Анџелес Клиперс во врска со Кавај Ленард сè уште е во тек. НБА сè уште нема јасна временска рамка за објавување на заклучокот од тековната истрага.

„Истрагата е во тек. Сè уште има работа што треба да се заврши и нема однапред одреден рок“, изјави портпаролот на НБА за „ESPN“.

ESPN неодамна го разгледа договорот на Ленард од 19 страници со „Aspiration“ и сподели клучни делови со петте агенти на играчот и извор од NBPA запознаен со спонзорскиот договор. Општиот заклучок беше дека договорот е претежно стандарден.

НБА го ангажираше адвокатот Дејвид Андерс да го истражи наводниот договор вреден 28 милиони долари, кој Ленард го потпиша со банкротираната компанија.

ПретходноИГРАЈ ОДГОВОРНО: ДВЛМ ЈА ПРОШИРУВА МРЕЖАТА СОВЕТУВАЛИШТА
СледноКатерина Николоска дел од два важни светски турнири