Се врати вечерва во тимот на Ал Наср по повредата, го одигра јубилејниот 100-ти натпревар за својот тим и постигна два гола, еден од пенал, против Ал Наџма за победа од 5:2. Со овие два гола сега има 97 за Ал Наср, ама што е поважно со овие два гола мега – ѕвездата на тимот од Саудиска Арабија дојде до 967 голови во кариерата. Значи му недостогаат уште само 33 за да дојде до фамозната “илјадарка“.
Роналдо беше стартер а во 83.минута беше повлечен од игра. Останатите три гола на тимот од Ријад беа дело на Мане два и Ал Хамдан.










