Дека Македонија има свои таленти во фудбалот уште еднаш се покажа овојпат со ФК Водно, генерации 2013 и 2015 кои блескаа на “Овиедо Купот“ во Шпанија. Победи и само победи и тоа убедливи, сепак имаше и по еден пораз.
Генерацијата 2013 успеа да триумфира против Ковадонга со 4:0, потоа Доностиа со 7:2, и пораз од Овиедо со 1:4.
Генерацијата 2015 имаше уште подобар скор. Победи против Сада со 9:0, Ковандонга со 12:1, Перли – Сертукс 10:0.
И дефинитивно – “Во земјата на Фламенкото, се развеа Македонското оро“.
Фудбалерчињата на ФК Водно се вистински хит и главни “фаци“ на овој турнир во Овиедо. Како поради победите така и поради својот однос и секако најмногу поради тоа дека секаде порачуваат дека се од Македонија.
Уште еднаш, браво ДЕЦА!










