Дебаклот во Зеница ќе ја чини Италија најмалку 100 милиони евра!

67
Фото: https://www.figc.it/

Хаос е во фудбалска Италија. Една од најфудбалските нации во светот доживува фудбалска катаклизма. Дебаклот од поразот во Зеница во вторник вечерта го уништи италијанскиот фудбал во секоја смисла. Италијанците западнаа во нова криза што го тресе целиот нивни фудбалски систем.
Особено загрижувачки е фактот што четирикратните светски шампиони нема да учествуваат на третото Светско првенство по ред, што претставува огромен удар, не само за угледот, туку и за финансиите.
Според „Газета дело Спорт“, Италијанската фудбалска асоцијација изгубила најмалку 100 милиони евра загарантиран приход поради последователни неуспеси во квалификациите.
Најголемиот дел од таа сума се однесува токму на пропуштениот настап на Светското првенство во 2026 година, околу 45 милиони евра.
Само пласманот на завршниот турнир би донел најмалку 9.000.000 евра од ФИФА, додека дополнителните загуби од околу 16 милиони се поврзани со казни за спонзорство и послаба продажба на комерцијални права.
Финансискиот удар беше дополнително засилен со загубата од околу 20 милиони во идните преговори со партнерите и спонзорите, бидејќи новиот неуспех значително ја оштети преговарачката позиција на Федерацијата.

ПретходноМанчестер Сити му нуди нов договор на Родри!
СледноПотврдено: На 29 мај со БиХ во Сараево, на 1 јуни со Турција во Истанбул!