Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија

171
ФОТО: Nazionale Italiana di Calcio/FB

По дебаклот во бараж дуелот за пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, и поразот во Зеница од Босна и Херцеговина, Италија и официјално остана без фудбалски селектор.

Џенаро Гатузо, на обострано одобрување, негово и на федерацијата на Италија повеќе не е селектор на „Азурите“. Ова го објавија предмалку италијанските медиуми, а секако ваков развој на настаните беше и очекуван со оглед на дебаклот кој што се случи.

Италија по трет пат едноподруго не се пласира на Мундијалот што за фудбалска велесила како неа е рамно на катаклизма.

Заминувањето на Гатузо е само продолжување на серијата на оставки во италијанскиот фудбал по дебаклот. Вчера си заминаа од функциите и самиот претседател на федерацијата Габриеле Гравина, како и тим менаџерот на репрезентацијата легендарниот Џиџи Буфон.

 

ПретходноРојевиќ: Потребна е полна сала, затоа што не играме само за Охрид, туку и за Македонија
СледноДури и да испадне со Тотенхем, Де Зерби ќе остане менаџер на тимот