ПМФЛ полувреме: Силекс рутински води против „давеникот“, Арсими поведе, Брера израмни во Струмица

121

Денеска продолжува новото 25. ПМФЛ коло во кое се среќаваат екипите на Брера и Арсими во Струмица, односно Силекс и Шкупи во Кратово.

По 45. минути, игра Силекс според очекуваното води со 3:0 против Шкупи со головите на Алиќ, Пиреш и Мирчевски. Алиќ и Пиреш погодија со глава во петтата односно, десеттата минута, додека пак во 38. минута Мирчевски реализираше од пенал.

Од друга страна, Арсими поведе уште во третата минута во Струмица, на дуелот со Брера, но домаќините израмнија само седум минути подоцна.

 

ПретходноФФМ порачува: Од ова растеме, веруваме…. (ВИДЕО)
СледноОлимпијакос го чека охридски пекол