Пријателска: Македонија со БиХ на 31 мај во Сараево?! (ФОТО)

151
ФОТО: FFM.MK

Како што пренесуваат медиумите во БиХ, на 31 мај или 1 јуни, на стадионот “Кошево“, Македонија ќе одигра пријателски натпревар со домашната селекција која е учесник на Мундијалот. Овој натпревар ќе биде и своевидна последна проверка за избраниците на селекторот Сергеј Барбарез, по што се патува за Канада каде во Торонто селекцијата на БиХ го игра првиот меч на СП.

Иако овие информации се неофицијални, ги лиферуваат медиумите исто така како неофицијални, па останува да видиме дали нашата А-репрезентација навистина во Сараево ќе одигра пријателска со БиХ.

ПретходноПрвпат после 28 години: Ниту еден позитивен допинг тест на ЗОИ!
СледноМанчестер Сити му нуди нов договор на Родри!