Ројевиќ: Потребна е полна сала, затоа што не играме само за Охрид, туку и за Македонија

94

Македонскиот ракометен претставник во Европа, тимот на Охрид утре го очекува реваншот од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот Олимпијакос.

Како што е познато, Охрид на гости извојува извонреден резултат и победа од пет голови предност, 31:26, па сега преостанува на домашен терен да ја доврши задачата.

„Ништо не е готово. Гледам дека во јавноста провејува такво расположение. Пет голови предност се анулираат мнигу брзо и лесно. Еве еден пример, токму Олимпијакос на гости победи кај Турда со пет гола, а дома загуби четири. Ова е опасен резултат. Ние имаме и четири повредени ракометари. Нашите тренинзи не се како минатата недела ќе ни треба и голема поддршка. Не само од Охрид, туку од цела Македонија за да се пласираме во полуфиналето. Немаме преголем ростер, десетина ракометари го носат товарот. Се гледа заморот кај нив. Не е можно за десет дена да одиграме три големи мечеви и пат во Атина и во Скопје. Затоа против Вардар не игравме во полн состав. Се надевам дека здравствениот билтен до стартот на мечот ќе биде во ред и ќе настапиме комплетни“ – изјави тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.

ПретходноЧелзи го суспендираше Енцо Фернандез поради изјавите во јавноста
СледноОфицијално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија