Силекс до врв ја наполни мрежата на Шкупи

168

Во натпревар во кој однапред беше познат победникот, со оглед на разликата во сила и квалитет, Силекс со убедливи 6-0 го совлада последнопласираниот тим на Шкупи во меч од 25. коло во ПМФЛ. Резултатот сам по себе кажува дека мечот мина во целосна доминација на домашниот тим, кој имаше многу повеќе шанси, многу повеќе иницијатива, а искосирсти само шест од приликите.

Со овој триумф избраниците на Александар Васоски успеаја да ја прекинат низата од четири меча без победа и да дојдат до првиот триумф на домашен терен оваа година. Уште во 4. минута Силекс ја погоди пречката преку Пиреш, а веќе следната минута предност. Од десната страна Тимовски нафрли до Алиќ, кој со глава погоди за водство на домашниот тим.

Се играше 10. минута кога Пиреш по асистенција на Ефтимов, со глава го совлада Муслиу за водство од 2-0. На полувремето беше 3-0, откако во 38. минута Мирчевски погоди од најстрога казна. Пеналот беше досуден откако Османи стартуваше над Пиреш. Сликата не се промени ниту во вториот дел. Во 58. минута Тимовски нафрли од десната страна, за Бутуровиќ со глава да зголеми на 4-0. Три минути подоцна втор пенал за Силекс, по стартот на Чајани врз Анѓелески.

Токму капитенот на кратовци беше успешен од белата точка. Шестиот гол во мрежата на Шкупи се случи во 71. минута од средбата. Акција на домашните по средината, од каде Николовски го проигра Донов, кој успешно ја испрати топката во левиот агол од голот на Муслиу, што беше и последен погодок на овој нерамноправен дуел.

ПретходноФабрегас е тренер на месец март во Серија А
СледноПетровиќ и донесе победа на Брера против Арсими (ВИДЕО)