Денеска ќе се одиграат два меча од плеј-офот во Супер-лига. Лидерот Вардар 1961 продолжува со собирање на бодови за одржување на предноста пред актуелниот првак Пелистер. „Црвено-црните“ имаат шест бода (48) предност во однос на Пелистер, а денеска треба да запиша нова победа, со оглед на тоа дека му гостува на Тиквеш (18 часот).
Уште една средба треба да заврши според предвиденото сценарио. Алкалоид му гостува на Бутел Скопје, и на оваа скопска пресметка е фаворит. Кирил Лазаров и неговите момци се на четвртото место на табелата со дв абода помалку од ГРК Охрид, кој има 40 бода. Дуелот стартува во 18 часот.
Последната средба од плеј-офот ќе се одигра на 8 април, Пелистер е домаќин на ГРК Охрид, во дербито на колото.
Во плеј-офот Пролет е домаќин на Прилеп (18 часот).










