Во дерби како што доликува за финале на Купот на Македонија, кугларите на Макпетрол го освоија трофејот победувајќи го минатогодишниот освојувач Вардар 2014 со 6:2 (14.5:9.5, 3325:3240).
Воедно, на овој последен екипен натпревар во сезоната 2025/2026, се доделија одличјата и за македонската кугларска лига, во која Макпетрол го освои и шампионскиот пехар пред Пелистер 1982 и Вардар 2014.










