Со втора одлична партија, ГРК Охрид славеше над Олимпијакос голема победа за историско полуфинале во Европа. Охриѓани обезбедија битка за големото финале, а по мечот тренерот Борис Ројевиќ уште еднаш потенцираше колку тежок меч беше реваншот во „Билјанини Извори“.
„Навистина очекував вакво нешто. Ние како тим знаевме дека нè очекува тежок натпревар. Ако отидевме во четврток да играме против Вардар, сигурен сум дека немаше да се пласираме во следната рунда. Момците се веќе на крајот на силите, нè стигнаа повреди, имаме мал ростер и добро е што на крајот го смиривме натпреварот. На крајот остваривме уште една победа, што за мене многу е важно. Не е исто да прославувате пласман во следната рунда со победа и со пораз“, вели Ројевиќ.
Во битка за големото финале во Европскиот куп, ГРК Охрид го чека двомеч со Целје.










