Денешното дерби од второлигашката конкуренција помеѓу екипите на Скопје и Брегалница заврши со победа на гостите од 0:1. Тензичниот дуел на Автокоманда содржеше многу борба, доста прекини, и немаше премногу фудбалска убавина.
Моментот на одлука дојде во 41. минута преку Талески кој го постигна единствениот гол на овој меч.
Сепак, уште еден момент можеше да биде одлучувачки, ако главниот судија Стојанче Трпчески досудеше најстрога казна за домашните. При продорот на Николовски, има очигледен старт на гостинската одбрана, но главниот судија не се одлучи за најстрога казна. Во ситуацијата можеби имаше прершок но можеби и играње со рака кое главниот судија исто така не го виде.
Правилно или не, конечен одговор ќе даде оценката за арбитарот, кој веќе има еден превид сезонава и слаба оценка и тоа во прволигашката конкуренција. Реакцијата на домашните беше жестока, но попусто, Трпчевски во оваа спорна ситуација остана нем…










