Бојан Миовски на најдобар можен начин се врати на клупските обврски во Ренџерс, затоа што денеска е стрелец во победата од 4:2, над Данди Јунајтед.
Напаѓачот погоди за конечниот резултат, со што ја „запечати“ судбината на гостите кои се понадеваа на бодови денеска.
Миовски денеска го постигна петтиот гол сезонава за Ренџерс, со што покажува дека пролетва влегува во препознатливата своја гол форма кога станува збор за шампионатот на Шкотска.










