Седло диригираше победа, Фабиани ја „студираше“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

311

Вардар остана лидер на прволигашката конкуренција. И тоа благодарение на денешната победа од 5:1 против тимот на Македонија ЃП на свој терен на Арената Тодор Проески во Скопје.

„Црвено – црните“ како да имаа мотив повеќе што директниот ривал Шкендија минути пред да стартува нивниот дуел загуби од Пелистер, па до врв ја наполнија мрежата на противникот.

Создадоа грст шанси погодија пет пати во противничкиот гол и покажаа дека репрезентативната пауза добро дошла. Вардар одморен, мотивиран и ефикасен стигна до многу важна победа пред големото дерби во Битола против Пелистер следната среда.

На клупата Гоце Седлоски раководеше до уште една победа на Вардар, а на трибините неговиот наследник според се што се случува во моментов, Кристијан Фабиани за прв пат во живо го следеше „црвено – црниот“ состав.

 

ПретходноДури сега ќе е „брканица“ во ВМФЛ: Брегалница со три бода на Автокоманда (ВИДЕО)
СледноВМФЛ фото на колото: Брегалница ја освои Автокоманда