Веќе во вторник стартува 26.коло во ПМФЛ, па така познати се термините и сатниците на сите шест средби кои се играат во три дена. Јасно е дека во преден план е “Дербито на Македонија“ во Битола, каде се среќаваат Пелистер и Вардар. Македонското “Ел Класико“ се игра во среда од 20 часот под рефлектори на стадионот “Петар Милошевски“ и за овој меч интересот е голем посебно по победата на Пелистер, предводен од стратегот Марјан Секуловски, среде Тетово. Дали битолчани можат во два меча да дојдат до победи против големите фаворити за титулата, останува да се види? Јасно е дека по Шкендија, Пелистер го “мерка“ и Вардар.
Во продолжение можете да го видите распоредот на натпреварите од 26.коло:
ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО
ВТОРНИК (07.04.2026)
Башкими – Брера (15:30 ч)
Тиквеш – Силекс (15:30 ч)
СРЕДА (08.04.2026)
Работнички – Шкендија (15:30 ч)
Пелистер – Вардар (20:00 ч)
ЧЕТВРТОК (0904.2026)
Шкупи – Струга ТЛ
Македонија ЃП – Арсими















