Раритет: Шампионот во НХЛ не успеа да се пласира во плеј-офот

27
фото: Florida Panthers (X)

Тимот, кој освои два Стенли купа по ред и беше кандидат меѓу првите три оваа сезона во НХЛ лигата, Флорида нема да може да ја одбрани титулата. Се чинеше дека со враќањето на повредениот Метју Ткачук, Пантерс ќе се опорават и ќе ги надоместат поразите од почетокот на сезоната, но, чудото не се случи.

Последните шанси на Пантерс беа пропуштени по поразот од Питсбург со 4-9. Ова не е првпат еден актуелен шампион да не успее да се пласира ниту во плеј-оф по освоена титула. Последен пат тоа се случи во сезоната 2014/15. По две шампионски титули за три години, играчите на Лос Анџелес Кингс беа едноставно уморни и не успеаја да се кренат по освоените трофеи Оттогаш, Лос Анџелес е во постојан хаос. Тимот не се пласираше подалеку од првата рунда од таа 2014 година.

ПретходноМалдини ќе биде новиот претседател на Италијанската федерација?
СледноДарио Ивановски постави нов национален рекорд на 10.000 метри!