Еве што може да ти се случи ако му се смееш на Јокиќ!(ВИДЕО)

1092
ФОТО: Screenshot X

Страхиња Јокиќ, постариот брат на ѕвездата на Нагетсите, Никола Јокиќ, повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста поради неговото однесување на трибините за време на натпреварот помеѓу Денвер и Сан Антонио Спарс. Овој пат, неговата реакција беше насочена кон навивач на противничкиот тим.
За време на натпреварот, српскиот центар погоди 15 слободни фрлања, што предизвика негодување и потсмев кај некои навивачи на гостинскиот тим, кои сметаа дека судиите премногу го штитат. Таквото однесување го испровоцира Страхиња. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како бурно реагира и вика на навивач на Спарс, кој му се смее на Никола по досудениот фаул. Навивачот очигледно не му беше удобно, но ситуацијата брзо се смири без поголем инцидент. Патем, ова не е прв пат Страхиња да привлече внимание поради своето однесување на трибините. На крајот од минатата сезона, тој беше осуден во Америка на 12 месеци условна казна за напад врз навивач за време на натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс, кој се одржа во април 2024 година.

ПретходноСите шест меча од 18 ч: ТФТ и МЗТ во атак на првата позиција, „отворени“уште три места за плеј-офот во Суперлигата!
СледноПаника во Арсенал: Што ако и оваа сезона биде без трофеј?!