ЖФК Љуботен:“Ја погребавте македонштината во Тетово, ова е крај на една ера“! (ФОТО)

673

ЖФК Љуботен попладнево прекду своите социјални мрежи се огласи со едно драматично соопштение. Имено во него се вели дека ова е крај на клубот.

Се вели дека е клубот е оштетен од неспортски случувања како и од одлуки на Фудбалската федерација. Исто така се напоменува дека ова екипата го одиграла последниот натпревар:

Денес беше последниот натпревар за многу играчи во ЖФК Љуботен, последен со интернационалки, последен по многу нешта!

По последните случувања на терените за кои сме повеќе од сигурни беа се само спортски не, како и одлуките на Фудбалската Федерација јасно и гласно ни покажаа дека нема место за успешни, за тие кои искрено вложуваат и сакаат напредок во спортот.

Изгубија сите изгуби Тетово, изгуби репрезентацијата имаме 10 репрезентативки, изгуби фудбалот, згаснува бренд по кој е познат женскиот фудбал во регионот и пошироко!

Сега неколку збора и за ЖФК Љуботен под наше менаџирање последниве 6 години:

Клубот го презедовме во март 2020 година како најслаб во лигата во сезона 2019/2020година убедливо на последно место и кога сите прогнозираа згаснување ние се спасивме, тука имаше и улога прекинот поради короната!

Следната сезона 2020/2021 првата наша официјално сезона од почеток како ново раководство:

Многу тешко да ги убедиме фудбалерките во проектот ЖФК Љуботен во јули доаѓа првата Македонска репрезентативка Јулија Живиќ со уште неколку фудбалерки се прави солиден тим кој се надеваме ќе избори опстанок но оди тешко!

Декември 2020 полусезона по доброто менаџирање полусезоната и добра медиумска покриеност во Љуботен доаѓа првата бразилка сега ги има повеќе, прв клуб со пет странски професионални фудбалерки и неколку репрезентативки и опстанокот обезбеден!

Сезона 2021/2022 прва шампионска титула!

Пет професионални фудбалерки четири тренери со професионален кондиционен тренер прва женска екипа на висински подготовки во земјава максимално професионална работа и резултатот е титула!

Оваа година прва женска фудбалска екипа која има набавено возила за сопствени потреби!

Сезона 2022/2023 прва дупла круна!

И оваа година први во женскиот фудбал тренинг камп – сопствен мотел со соби за сите играчи професионален кувар само за сопствени потреби, комплетна реконструкција на просториите сега Љуботен има свој фитнес центар, соблекувална со највисоки стандарди и соба за рекуперација со базен, ова го немаат многу прволигашки машки екипи!

Сезона 2023/2024 нова дупла круна но и во оваа сезона Љуботен е прв по нешто!

Прва женска екипа која користи GPS уреди за следење на играчите со работа до врвни перфоманси во 2023 неколку машки екипи користеа а до ден денес единствена женска екипа која користи вакви уреди!

И ова прва македонска женска екипа која после 12 години издвојува победа во квалификации за лигата на шампиони победен е Кардиф во Холандија!

Сезона 2024/2025 историската и овој пат дупла круна но оваа сезона е испишана историја! Ова е Ваше време!

Ќе почнем со ред прва женска екипа која заминува на подготовки надвор од државава одработени десет дневни подготовки на Златибор и резултатите беа неминовни!

Прва женска екипа која помина прва група во квалификациите за лигата на шампиони издвојувани две победи против шампиони на Ерменија Пјуник и Фарски Острови Рујнавик, тогаш и којзнае кога! Ова треба да го наградите Вие но…..

Ќе останат недовршени многу проекти и визии кои ги имавме во план од кои ќе наброиме неколку: нарачаниот клубски автобус ќе бевме први и во тоа можеби и на балканот женска екипа со свој сопствен автобус ќе заврши во некоја туристичка агенција, големиот проект со потенцијалниот странски инвеститор за изградба на тренинг центар со хотел и сите пропратни елементи во близина на Тетово, градоначалникот Јовица знае а го запознав и министерот при една наша средба, тука во Вас ФФМ гледавме партнери, планираното враќање на најстариот машки клуб во земјата прво во втората лига па потоа и ранг погоре итн….,

Денес дами и господа вие го погребавте Тетово, пркосот или тоа што им бодеше во нос на сите тука успесите на ЖФК Љуботен, денес Вие можеби ставте клуч на најстариот машки фудбалски клуб Љуботен денес ја погребавте македонштината и уште еднаш ни кажавте дека нема место за луѓе со чесност, визија и успеси! За нас Тетово и Македонија се светост ние сме сигурно многу поголеми од сите Вас и тие што ве советуваат ова да го направите, но чесноста ни е пред се!

Ние јасно и одговорно Ви кажуваме Љуботен никогаш нема да дозволи да се врати времето на …., ЖФК и фамозниот …. со капчето, нема девојките и тренерите да се возат во гепек, нема селекторот да прашува уште колку корнери треба и да играме впрочем тој и сега ви е селектор, ако не знаете што зборувам прашајте ама знам дека многу добро знаете, нема да дозволиме во клубот да бидат луѓе осудени криминалци за злоупотреба со осигурање и исценирање на сообраќајни незгоди тие имаат изгледа секогаш отворена врата кај Вас!

За крај да се заблагодариме на сите они фудбалерки кои го носеа дресот на Љуботен изминативе шест години ке ни треба многу редови да ги напишеме а може некого да заборавиме, двата капитени кои ги подигнаа седумте трофеи Маги и Танди ќе останете запишани во историјата на клубот, посебна благодарност до девојките од Тетово поради кои се ова започна Ива, Елена, Росана, Мила, Мими, Ангела и многу други, посебна благодарност и до сите менаџери со кои соработувавме и сите интернационалки кои го носеле дресоти ги имаше преку 50 од Бразил до Нигерија, од Русија до Црна Гора и многу други држави на сите големо Благодарам!

ПретходноБраво: Дејан Георгиевски ќе се бори за злато на елитниот турнир во Скопје!
СледноВМФЛ: Вардар (Н) со гостинска победа кај Г.Коњари