Струга ТЛ – Работнички 0:1 по првото полувреме од последниот меч од ова 25.коло во ПМФЛ. Се играше 14.минута кога гостите дојдоа во водство со голот на Попзлатанов на кој му “кумуваше“ големиот кикс на домашниот голман Ангелети, по шутот на офанзивецот на гостите од десно од околу 20 метри.
Стружани беа надмоќни, агресивни, имаа повеќе шанси за гол, ја погодија и стативата преку Воша, а Малески во два наврати имаше зицер позици, сепак гостинскиот голман Ондоа не дозволи да се затресе мрежата на неговиот тим.
Интересно, 8:0 во корнери за Струга ТЛ, но 0:1 за Работнички во она што е најважно.















