Марио Илиевски со уште еден гол за Приштина (ВИДЕО)

73

Некогашниот капитен на македонската репрезентација до 21. година и повремен сениорски репрезентативец, Марио Илиевски продолжува со својата супер форма пролетва.

Денеска тој за својот тим Приштина беше стрелец во ремито против Дреница 2:2 на гости. Домаќинот поведе, но Илиевски успеа да израмни на стартот на вториот дел на 1:1.

До крајот сепак, донаќинот успеа да освои бод против фаворитот, а Приштина ова реми го смета за кикс.

Илиевски во моментов има 12 постигнати гола сезонава во шампионатот на Косово и е трет стрелец.

ПретходноНавивачка фешта во Градски парк, триумфот на Работнички го чини Куманово плеј – оф (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноОвиедо ја доби битката на дното на Примера