Навивачка фешта во Градски парк, триумфот на Работнички го чини Куманово плеј – оф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

314

Домашниот кошаркарски шампионат го финишираше освониот дел  односно популарната супер лига. Денеска се одигра последното коло од оваа делница, а сега следува плеј офот.
Во него се најдоа екипите на МЗТ Скопје, ТФТ, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш, кој што во последен момент благодарение на победата над ТФТ на домашен терен, а и поради поразот на Куманово во Скопје против Работнички успеа да се искачи во горниот дел од табелата.

 

Кумановци во Скопје дојдоа по победа и плеј оф но останаа со празни раце. Попусто ја имаа поддршката од своите навивачи кои заедно со домашните Сити Парк Бојс создадоа убава атмосфера во реновираната сала Градски Парк.
Сепак, и годинава „ранетиот“ Работнички со многуте проблеми што ги има игра добри мечеви во серија. Пред неколку дена тоа го стори против МЗТ Скопје во дербито, кое сепак го загуби, а еве и денеска против Куманово кое го добо со конечни,  76-72.

 

ПретходноЗаврши регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат: ТФТ е лидер, Тиквеш се „протна“ во плеј – офот, а Куманово отпадна
СледноМарио Илиевски со уште еден гол за Приштина (ВИДЕО)