Наковски волеј и Младост УГС обезбедија полуфинале

65
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

Лидерот Наковски Волеј и второпласираниот тим на табелата Младост УГД го потврдија своето место во полуфиналето на плејофот во Првата лига жени. Конкуренцијата треба да ја добијат најрано на средината на следната недела кога се играат реванш натпреварите од преостанатите два четвртфинални дуели.

Наковски Волеј со две максимални победи над градскиот ривал Струмица жени стигна до „четворката“.

Младост УГД мораше добро да се испоти попладнево и по голема борба во пет сета го елиминираше освојувачот на Купот, Вардар ЕМ од трката за шампионската титула. По триумфот во првиот меѓусебен дуел штипскиот состав влезе опуштено во мечот, додека „вардарки“ по којзнае кој пат во последниве месец дена покажа дека не смее да биде потценети. По голема битка Младост УГД остана смирен во тај-брејкот и стигна до втора победа во серијата и пласман во полуфиналето.

Ланскиот финалист, Работнички Скопје, пак, славеше со 3:1 на гостувањето во Битола кај Пелистер Волеј и го направи првиот чекор кон следната фаза. Реваншот го игра в среда пред својата публика.

Бранителот на титулата Јанта Волеј КВ влезе сигурно во четвртфиналната серија со победа од 3:1 на гости кај дебитантот Газели Волеј. „Газелите“ понудија силен отпор, но искуството во редовите на шампионот се чини ќе биде пресудно во вакви клучни натпревари. И овие противници вториот меч го играат в среда.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ

1. МЕЧ

Пелистер Волеј – Работнички Скопје    1:3 (17:25, 16:25, 25:16, 21:25)

Газели Волеј – Јанта Волеј КВ   1:3 (23:25, 25:13, 20:25, 17:25)

РЕВАНШ

Наковски Волеј – Струмица жени          3:0 (25:16, 25:23, 26:24)

Младост УГД – Вардар ЕМ         3:2 (20:25, 27:25, 25:11, 23:25, 15:11)

ПретходноМеси стигна до 903. гол во кариерата (ВИДЕО)
СледноРаботнички посакува успех на гостувањето во Струга