Вечерва од 18 часот се играат сите шест натпревари од последното, 22. коло од „МТЕЛ“ Супер лигата.Коло кое ќе ги отстрани сите дилеми околу тоа кои шест екипи ќе се борат за титулата, а кои шест за избегнување на трите позиции кои водат во понизок ранг на натпреварување.
Од она што е извесно е дека екипите на ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром ќе атакуваат на првата позиција. Предноста е на страна на „црно-белите“ кои имаат бод повеќе во однос на бранителот на титулата.И во последниот круг од натпреварите, им следува гостување во Кавадарци, и натпревар против екипата на Тиквеш Голден игл.
Од друга страна, доста значаен и за екипата на Тиквеш Голден Игл (скор 10-11), кој го имаат уште две екипи (МКК Куманово и Чаир 2030), со кои во овој момент, го делат шестото место на табелата.
Уште потешка е задачата на еден од нив, МКК Куманово. Кумановци ги чека гостување во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, и дуел против екипата на Работнички на која секоја победа и е особено важна во обидите да се обезбеди суперлигашкиот статус, макар и низ претстојните мечеви од Плеј-аут конкуренцијата во која ќе играат екипите од 7. до 12. позиција на табелата по 22.одиграни кола.
Во иста ситуација е и екипата на Чаир 2030. Но, можеби некој промил повеќе на шанси имаат „сино-белите“ со оглед на тоа дека последниот натпревар од регуларниот дел го играат на домашен терен. Во салата „Шабан Трстена“, гостува актуелниот шампион, МЗТ Скопје, дефинитивно, со свои амбиции и очекувања.Чаирчани бараат победа, но очекуваат и порази на конкурентите во ова последно коло од „МТЕЛ“ Супер лигата.
Потврда на плеј-офот очекуваат екипите на Кожув и на Маџари, двете со ефект (11-10). Со победа во последното коло, извесно е и дека ќе ги задржат актуелните места, четврттото односно петтото.
Се чини дека полесна е задачата на кошаркарите на Маџари. Новакот во суперлигашкото друштво во оваа сезона игра против последнопласираната екипа на табелата, Ангели.
Многу понеизвесен, се очекува да биде дуелот во салата „26.април“ во Гевгелија каде гостува екипата на Пелистер, за која, без оглед на конечниот исход, е резервирана позицијата број 3. Гостивар и Феникс 2010 пак ќе играат за што е можно подобра стартна позиција во Плеј-аут сегментот, во кој, во наредните пет кола ќе се бараат три места кои носат опстанок во елитниот ранг.
„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 22.КОЛО
5.АПРИЛ (НЕДЕЛА)
18.00: Гостивар – Феникс 2010
Спортска сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/rq3JyS4Gshk?si=ZYBBV-g8hxoZWp2S
18.00: Маџари – Ангели
Спортска сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Wj2mtZcb7HI?si=saSBjTwnFob7dBaz
18.00: Работнички – МКК Куманово
Спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/EjpIMkp8W1o?si=Ktaj6wD6ndXegPi2
18.00: Тиквеш Голден Игл – ТФТ
Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2YN4d-Av9oM?si=57LSg5Jnknn5Bz30
18.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zbg3bcQYlLM?si=VxF67O20Fc-CklKq
18.00: Кожув – Пелистер (МРТ3)
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_sahUFjFQ7E?si=ZH6PVrqnQVElBzRU
ТАБЕЛА
1. ТФТ 21 19 2 1817:1571 40
2. МЗТ Скопје А. 21 19 2 1667:1458 39
3. Пелистер 21 14 7 1920:1718 35
4. Кожув 21 11 10 1745:1711 32
5. Маџари 21 11 10 1752:1731 32
6. МКК Куманово 21 10 11 1716:169 31
7. Тиквеш ГИ 21 10 11 1735:1728 31
8. Чаир 2030 21 10 11 1703:1790 31
9. Работнички 21 8 13 1753:1720 29
10. Феникс 2010 21 8 13 1648:1702 29
11. Гостивар 21 5 16 1558:1687 26
12. Ангели 21 1 20 1436:1931 22










