Сребра и бронзи за Македонија на првиот ден на Скопје Опен Г1

103

На првиот ден од натпреварите на силниот Скопје Опен Г1 турнир во таеквондо кој и денеска продолжува со многу финални натпревари во СЦ „Борис Трајковски“, македонските натпреварувачи се закитија со повеќе медали.

Нашата Ведрана Тунески од ТК Бутел) во конкуренција на кадети во категоријата до 51 кг. Успеа да го освои сребрениот медал. Ведрана беше поразена во финалето од Викторија Кулишева од Бугарија, а претходно обезбеди три победи. Во првото коло славеше над Лидија Алексиу (Грција), во четвртфинале над Марија Јоаниду (Грција) и во полуфиналето извојува победа над Теодора Јанковиќ (Србија).

Со медал се закитии нашиот Теодор Стојановски (ТК Бутел), кој во конкуренција на јуниори до 63 кг. на стартот го победи Георги Георгиев (Бугарија) 2:0, потоа во четвртфиналето и Фран Душак (Хрватска) 2:0, за да биде запрен во полуфинале од Мигел Санчез (Шпанија) 0:2.

Душица Бреслиева и Ненда Целески исто така освоија сребро, додека бронзи отидоа и на градите на Антонио Негријевски и Дамјан Василевски.

ПретходноПо 12 брутални рунди Вајлдер славеше над Чисора во мечот на ветераните (ВИДЕО)
СледноМеси стигна до 903. гол во кариерата (ВИДЕО)