Андреј Магдевски денеска беше успешно опериран по тешката повреда на коленото, добиена на неодамнешниот домашен меч против Тиквеш. Тој се повреди при еден од карактеристичните пробиви кон противничкиот кош, по што по низа лекарски консултации беше решено дека е неопходен оперативен зафат.
Плејмејкерот на МЗТ Скопје и на репрезентацијата на Македонија беше опериран од доктор Михајло Ивановски.
По оваа оперција следува пауза за репрезентативецот и рехабилитација од неколку месеци за да потоа Магдевски се врати во дресот на МЗТ Скопје како и во репрезентацијата на Македонија.










