Во Велес дружба на најмладите кошаркарски таленти!(ФОТО)

46

Викендот кој е зад нас, младите кошаркар(к)и од М12 генерациите, во машка и во женска конкуренција, имаа убава можност да го презентираат сиот свој потенцијал на собирот во салата „Гемиџии“ во Велес.

Уште еден ден, во срцето на Македонија, исполнет со насмевки, со енергија и радоста од најмладите кошаркар(к)и, уште едно незаборавно дружење на идните генерации, како дел од Минибаскет караваните, оние кои се дел од проектот на Кошаркарската федерација на Македонија, посветен на најмладите кошаркари – нашата највредна инспирација!

Убава беше глетката во неделното попладне во „Куќата на кошарката“ во Велес, исполнета со голем број на кошаркарски таленти од сите делови на нашата земја, кои преку натпреварите ги зголемија своите знаења од кошарката низ едно заедничко дружење со своите врсници.

Она кое во многу скоро време, ќе биде повторено уште еднаш.

На 26.април, кошаркарскиот минибаскет караван се сели во Гевгелија.

На крајниот југ, на 26.април“ во салата „26.април“ е закажан следниот собир на најголемите македонски кошаркарски таленти.

Беше убаво во Велес, се гледаме наскоро, во Гевгелија!

ПретходноЛегендарниот Де Роси им се потсмева на „спасителите“ на Италија!
СледноАндреј Магдевски успешно опериран! (ФОТО)