Кој, ако не Марјан Секуловски? Кој, ако не Мане? Кој секогаш е тука за својот Пелистер, кога е најтешко, се знае, тука е Мане. Иако ја презеде екипата на само неколку дена на најтешкото гостување во мак – фудбалот, кај шампионот, Секуловски вети само борба и ништо повеќе. И така и беше во Тетово. Пелистер одигра умешно, храбро, одважно, знаеше што треба и како треба. Пелистер имаше водство од 0:1, на крај победи со 1:2 и освои екстра големи три бода во битката за опстанок. Да, Шкендија имаше шанси, имаше и зицери, ама кога си храбар, кога го даваш максимумот тогаш и фудбалот ти дава тоа што го заслужуваш.
Нема што, Пелистер со Марјан Секуловски на клупата има големи шанси да се спаси од најлошото.















