Арбелоа: За нас има само едно сценарио за дуелот со Баерн

83

Неделава продолжуваат активностите во Лигата на Шампионите, па во рамките од четвртфиналето утре се среќаваат екипите на Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Реал на последните девет меча нема пораз од тимот од Минхен, но во моментов, Баерн слободно може да се каже дека е во подобра форма.

Тренерот на Мадрид, Арбелоа на денешната официјална прес конференција пред утрешиот меч рече дека за нив нема друга опција освен победа.

„Реал секогаш се соочува со најсилните противници. Баерн е најконзистентниот тим во Европа оваа сезона, па затоа ќе бара од нас да вложиме сета наша сила во тоа. Нашата историја против нив е исто така многу посебна. Не размислуваме за можноста да не победиме во овој нокаут натпревар. За нас, постои само едно сценарио – да го елиминираме Баерн. Тоа е она што го сакаме и во тоа веруваме. Сигурен сум дека Бернабеу ќе доживее уште една одлична ноќ, како што беше против Манчестер Сити.“

„Баерн е многу добро координиран тим. Многу се потпираат еден на друг и се агресивни во одбраната. Играат храбро. Имаат одлична брзина. Имаат многу оружје. Сите комплименти за Компани се заслужени“, рече Арбелоа на денешната прес-конференција.

 

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Марјан Секуловски (Пелистер)
СледноРаботнички и Шкендија ќе играат в среда на „Петар Милошевски“