Браво деца, вие сте златни деца. ФК Водно генерации 2013 и 2015 се шампиони, победници во своите категории на силниот и престижен турнир “Овиедо Куп“ кој изминатите денови се одржуваше во Шпанија, во Овиедо.
Фантастичен успех на младите фудбалерчња на овој македонски клуб кои јасно покажаа и докажаа дека и во Македонија имаме супер – таленти, кои чекаат да дојдат на големата сцена.
Младите фудбалери на ФК Водно во една силна конкуренција, одиграа одлично низ целиот турнир и на крајот славеа двоен триумф, како за генерацијата 2013, така и и за онаа 2015.
Уште еднаш, браво деца.
Браво за ФК Водно.










