Кога твојот тим ќе победи под Шара, на гости кај Шкендија, тогаш повеќе од јасно е дека ти како голман и тоа како имаш заслуга за тоа. Така и голманот на Пелистер, Андреј Јовчевски кој иако прими еден гол, искрено не се бранеше, сепак беше маестрален на голот на гостоте.Успеа да им фати барем 3-4 зицери на домашните играчи и просто ја “полуде“ Шкендија, која овој пораз може да ја чини и титула. Спировски и Керим беа стрелците, ама ако не беше Јовчевски меѓу стативите тешко дека битолчани ќе славеа.
Па така според „СпортСпорт“, голманот на Пелистер е играч на ова 25.коло, а во идеалниот тим се и Гроздановски, Спировски и Керим. Тука се и Велковски и Торес (Вардар), Крантове, Позлатанов и Мехмед (Работнички), Петровиќ (Брера) и Аворнио (Башкими).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
АНДРЕЈ ЈОВЧЕВСКИ
Тим: Пелистер
Роден: 13.09.2003 во Битола
Кариера: Пелистер















