Уште еден пехар за Брестовац во Катар!

66

Откако ја освои титулата во првенството, односно откако го освои шампионскиот пехар со својот тим Ал Араби во ракометниот шампионат на Катар, македонскиот стратег Данило Брестовац освои уште еден трофеј сезонава. Брестовац со својот тим е и победник во Купот на Катар, тоа значи дека нашиот стратег ја освоил двојната круна во оваа земја.

Во финалето на Купот на Катар, тимот на Брестовац славеше против Ал Духаил, каде тренер е шпанскиот стратег Мартин Амброс.

Ал Араби во финалето против Ал Духаил славеше со резултат 31:29, за дефинитивна потврда за тоа чиј тим е најдобар во Катар и за потврда на двојната круна.

ПретходноВинисиус дециден за тоа каде ќе ја продолжи кариерата!
СледноЛегендарниот Де Роси им се потсмева на „спасителите“ на Италија!